Во Тајван се сруши мост

Во несреќата што се случи при рушењето на еден мост во подрачјето Јилан кај Нанфангао во Тајлан загинаа најмалку 10, а 5 лица беа повредени.

Според веста на Централната новинска агенција на Тајван (ЦНА), по рушењето на дел од мостот долг 140 метри, една цистерна која во тој момент поминуваше низ мостот падна врз чамците во реката.

Во соопштението кое беше објавено од страна на пожарната беше истакнато дека во несреќата биле повредени 10, а најмалку 5 лица се водат за исчезнати.

Тајванскиот лидер Цаи Инг-вен изјави дека биле испратени екипи за спасување и пребарување на местото на несреќата.

Мостот Нанфангао кој претставува туристичко место во областа Јилан беше пуштен во употреба во 1998 година.