Во Москва се одржува погребна церемонија за убиениот руски амбасадор во Анкара Карлов

Во Москва се одржува погребна церемонија за рускиот амбасадор во Анкара Андреј Карлов кој беше жртва на атентат во Анкара.

Првата церемонија за Карлов беше одржана во руското министерство за надворешни работи.

На прошталната церемонија на амбасадорот Карлов присуствуваа и рускиот претседател Владимир Путин, премиерот Дмитриј Медведев и министерот за надворешни работи Сергеј Лавров.

Ковчегот со посмртните останки на амбасадорот Карлов беше донесен пред министреството за надворешни работи.

Рускиот претседател Владимир Путин на церемонијата уште еднаш го изрази своето сочувство до сопругата на амбасадорот Карлов.

Името на рускиот амбасадор во Анкара Андреј Карлов беше внесено во списокот на маченици на министерството.

Мисата на погребната церемонија на рускиот амбасадор Андреј Карлов ја водеше патријархот на руската православна црква Кирил.

Инаку, рускиот претседател Владимир Путин ја одложи својата денешна редовна годишна прес-конференција за да присуствува на погребната церемонија на рускиот амбасадор во Анкара Андреј Карлов кој го загуби животот во вооружен напад во Анкара.