(ВИДЕО) Зголемен бројот на загинатите во циклонот „Фани“ што ја погоди Индија

Бројот на загинатите во циклонот „Фани“ кој почна во петокот со брзина од 180 км на час и пристигна во градот Пури во индиската провинција Ориса (Одиша) се зголеми на 34 лица.

Според соопштението кое беше објавено од страна на Центарот за  итни состојби на провинцијата, во циклонот „Фани“ загинаа 34 лица од кои 21 во областа Пури.

Најголема штета е предизвикана во областа Пурин истакна претставниците на Центарот за итни состојби. Над илјада здравствени центри во провинцијата и околу 5800 училишта се оштетени во циклонот.

Циклонот предизвика штета во 14 835 села, а 17 280 животни пцовисаа.

Премиерот на провинцијата Ориса Мавен Патнаик рече дека на жителите на провинцијата ќе им се пружи помош во пари и ориз.

Како последица на циклонот сто илјадници луѓе останаа без вода и струја. Премиерот Патнаик во продолжение рече дека 70 отсто од недостигот на вода во Пури, 40 отсто во градот Бубанесвар биле надминати.

Владата се ангажира 15 дена на настраданиот народ да му додели бесплатно јадење.

По пристигнувањето на циклонот на копното, во одредена мера се намали интензитетот на циклонот и се претвори во тропска бура. Владата ги интензивира активностите за надминување на штетата и поправка на оштетените делови на над 10 илјади села и 52 градски простори.

Во циклонот беа оштетени голем број куќи. Патишта, електрични далноводи и комуникациската мрежа во различни провинции.

Според соопштението кое беше објавено од страна на Владата на провинцијата Ориса во петокот, над еден милион лица биле евакуирани од погодените места.

Претходниот ден беа укинати голем број авионски летови и линии на железничкиот превоз, додека за училиштата беше прогласен распуст.