(ВИДЕО) Заврши средбата меѓу претседателот Ердоган и папата Францискус

Во рамките на официјалната посета на Ватикан, претседателот Реџеп Тајип Ердоган одржа тет-а тет средба со духовниот лидер на римокатоличкиот свет папата Францискус.

Средбата траеше над еден час.

Претседателот Ердоган во Апостолската палата пречекан со високи државни почести.

Претседателот Ердоган и сопругата Емине Ердоган на портата Сан Дамасо беа пречекани од страна на гувернерот на папството архиепископот Георг Гансвеин.

По официјалниот дочек, претсдетаелот Ердоган и папата Францискус одржаа тет-а тет средба.

Пред средбата во салата на библиотеката на Апостолската палата каде што се одржуваат средбите, папата Францискус претседателот Ердоган го пречека на врата.

Претседателот Ердоган во оваа прилика на папата му се заблагодари за вниманието што му беше покажано, на што папата исто возврати со благодарност за посетата.

Пред да преминат во салата каде што се одржа средбата, претседателот Ердоган и папата Францискус се сликаа за новинарите.

Тет-а тет средбата меѓу претседателот Ердоган и папата Францискус која беше затворена за печатот траеше над еден час.