(ВИДЕО) Во рамките на Антибрегзит кампањата собрани 5 милиони потписи

Во рамките на повикот до Британската влада за укинување на процесот за одвојување на Британија од ЕУ, за молбата се  собрани над 5 милиони потписи.

Во молбата под наслов „Укини го 50-от член и остани во ЕУ“ пишува „За да останеме во ЕУ народот треба да ја покаже својата поддршка и сила“.

Според законите на Британија, доколку молбата која што се доставува до парламентот на Британија има над 10 илјади потписи, Владата е принудена да даде одговор на молбата.

Во случај на молбата има над 100 илјади потписи, барањата се дискутираат на седница на Парламентот.

Како што е познато Британија на 26 јуни 2016 година усвои одлука за одржување референдум за одвојување од ЕУ на кој 48 отсто гласаа против, а 51 за.

17 милиони 410 илјади 742 гласачи на референдумот гласаа за Брегзит, додека 16 милиони 141 илјада 241 гласач против.