(ВИДЕО) Слободната сириска армија ја презеде контролата над две села во околината на месноста Ал Баб

Слободната сириска армија ја презеде контролата над две села во околината на месноста Ал Баб кај Алепо а кои се наоѓаа под контрола на сепаратистичко-терористичката организцаија ПЈД/ПКК.

Командантот на терен на Слободната сириска армија Мухамед Хатиб рече дека силите на опозицијата ја презедоа контролата над селата Тел Тувејран и Каарат источно од Ал Баб кои се наоѓаа под контрола на ПЈД/ПКК.

Силите на режимот претходниот ден пристигнаа до Мунбич кој се наоѓа под контрола на силите на ПЈД/ПКК и источните предели од каде што се повлекоа силите на терористичката организација ДЕАШ.

На тој начин, силите на режимот со стационирање јужно од Ал Баб ја прекинаа маршрутата за Рака по операцијата Еуфратски штит на Турските вооружени сили која што ја започнаа на 24 август за чистење на северот на Сирија од терористичките сегменти.

Силите на режимот со цел да го спречат напредувањето на силите на Слободната сириска армија формираа тампон зона со ДЕАШ.

Од друга страна пак, стотици семејства од териториите кои од контролата на ДЕАШ преминаа под контрола на силите на режимот на Асад, се засолнуваат во подрачјето кое се наоѓа под контрола на опозицијата.