(ВИДЕО) Поројни врнежи дожд ја погодија Кина

Во поројните врнежи дожд и бурата што ги погоди јужните предели на Кина загинаа 7 лица.

Според веста на кинеската новинска агенција Синхуа, властите соопштија дека во невремето што ги погоди јужните предели на Кина односно градот Хејуан во провинцијата Гуандонг загинаа 7 а 3 лица беа повредени.

Во поплавите предизвикани од поројните дождови се изгуби едно лице, а под неповолното влијание на врнежите и бурата потпаднаа околу 110 илјади лица.

Како последица на лошите временски услови во Хејуан беа оштетени над илјада куќи а исто така беше прекината наставата во училиштата.

Во подрачјето беа испратени дополнителни екипи за пребарување и спасување.