(Видео) Парижаните го напуштија градот пред карантинот

 

Во Франција, сите оние што сакаа да го напуштат главниот град Париз поради полицискиот час што започна денес поради брзото зголемување на бројот на зарзените од новиот вид на коронавирус (Ковид-19), го блокираа сообраќајот.

Синоќа илјадници Парижани тргнаа на патот поради што се формираа долги редици на возила.

Во Ил-де-Франс се формираше 700 километри редица на возила.

Француските медиуми истакнуваат дека голем број Парижани своите „тесни“ станови ги напуштија за да можат своето време да го поминат изолирани на рурлните подрачја.

Француската влада соопшти дека мерките ќе траат 4 недели.