(ВИДЕО) Мадуро упати повик до граѓаните да бидат будни и да се мобилизираат

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро упати повик до граѓаните да бидат будни и да се мобилизираат наспроти евентуален обид за државен удар во земјата.

По митингот во Каракас, Мадуро рече дека ги прекинува сите дипломатски односи со САД и на дипломатите на оваа земја им да де рок од 72 часа да ја напуштат Венецуела. Мадуро на граѓаните им се обрати преку профилот на социјалните медиуми.

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро и во претходните говори често пати го повтори ставот дека во земјата владее опасност од воен удар, поради што од граѓаните бараше да бидат многу внимателни и трезвени.

„Го повикувам храбриот и воинствен народ на Венецуела, од една страна да продолжи со секојдневната работа и образованието, од друга страна да излезе на улиците и да се мобилизира наспроти евентуалната закана и одбрана на татковината. Ниту воен или државен удар, ниту пак надворешна интервенција. Венецуела бара само мир“.

На денешниот митинг за поддршка на Мадуро во каракас кој се организира од страна на Обединета социјалистичка партија на Венецуела (ПСУВ), претседателот на конститутивното собрание и заменик претседател на партијата ПСУВ Диосдадо Кабело ги повика граѓаните секоја вечер да се соберат пред државниот дворец во Мирафлорес и да чуваат стража за татковината.