(ВИДЕО) Кубанците му одадоа почит на Кастро

Кубанците со слоганот „Јас сум Фидел“ на погребната церемонија со часови му одадоа почит на револуционерниот лидер Фидел Кастро.

Левичарските лидери на латинскоамериканските држави Венецуела, претседателот Николас Мадуро и претседателот на Боливија Ево Моралес дојдоа на Плоштадот на револуцијата во Хавана каде што Кастро во минатото одржуваше револуционерни говори.