(ВИДЕО) Хуан Гуаидо повика на протести во Венецуела

Претседателот на Собранието на Венецуела Хуан Гуаидо кој се прогласи за привремен претседател на државата, откако ја напушти земјата на 23 февруари, повторно се врати и граѓаните ги повика денес и утре да одржат протести.

Гуаидо на профилот преку социјалните медиуми рече дека по средбите во Екватор, покрај забраната за излез од земјата, ќе се врати во земјата.

За Гуаидо на влегување во земјата постои голема веројатност да биде приведен, поради што рече дека денес  утре во целата земја ќе излезат на улиците, поради што од приврзаниците на опозицијата бараше активно да ги следат сите соопштенија.

На 23 февруари Гуаидо во рамките на иницијативата „хуманитарна помош“ за Венецуела од граничниот премин замина за Колумбија.

По посетата на Колумбија, Гуаидо престојуваше во посета на Бразил, Парагвај, Аргентина, од каде што замина и за Еквадор.

Гуаидо не ја прифаќа легитимноста на претседателот Никола Мадуро поради што освен поддршката на САД, се стекнува и со поддршката на други западни и латински земји.