(ВИДЕО) Бомбашки напад на грчката телевизија СКАЈ

Во нападот со темпирана бомба врз грчката телевизија СКАЈ дојде до материјална штета.

45 минути пред нападот до еден друг телевизиски канал пристигна информација дека ќе биде извршен напад на ТВ-канал СКАЈ.

По пријавата, грчката полиција презеде интервенција и ја испразни зградата на ТВ-канал. Исто така и Булеварот Посидонос беше затворен за сообраќај и беше преземено полициско обезбедување долж авенијата.

Како последица на експлозијата беше доживеана кратка паника. Во експлозијата нема поведени.

Повремено во Грција се случуваат слични напади кои се реализираат претежно од страна на екстремно левичарските групи.