Турција остро го осуди нападот во Могадишу

Во нападот со возило натоварено со експлозив на еден хотел во близината на претседателскиот дворец во Могадишу бројот на загинатите се зголеми на 10 лица.

Возилото со експлозив чија мета беше еден хотел во подрачјето удри во околниот ѕид на хотелот.

Во хотелот се одржуваше безбедносен состанок на кој учествуваа министри и политичари.

Во експлозијата хотелот беше многу оштетен, а меѓу повредените 30 лица се наоѓа и еден министер.

Одговорноста за нападот ја презеде терористичката организација Ал Шебаб, која е поврзана со Ал Каеда.

Турција остро го осуди нападот и истиот го проколна.

Во соопштението што беше објавено од страна на министерството за надворешни работи беше истакнато дека Турција одлучно ќе продолжи со поддршката на пријателскиот и братски сомалиски народ за воспоставување на мирот и стабилноста во земјата.