Тајфунот Лионрок одзеде 11 животи во Јапонија

По лизгањето на земјиштето кое беше предизвикано како последица на силниот тајфун во областа Ивате во Јапонија, беа пронајдени 9 безживотно тела во еден дом за стари лица.

Со откривањето на мртвото тело на еден возрасен маж на брегот на реката Омотогава во истиот град, како и една возрасна жена под урнатините во градот Кижу, бројот на загинатите се зголеми на 11.

Три лица на островот Хокаидо се водат за исчезнати.

Тајфунот Лионрок во Јапонија ги погоди северните предели на Јапонија кои во 2011 година беа погодени од цунами и се обидуваат да ги заздрават раните.

Исто така и далноводите беа оштетени од силните ветрови, поради што над 10 илјади куќи останаа без електрична струја. Голем број железнички линии беа откажани како последица на тајфунот.

Над 170 илјади жители од областа беа евакуирани.

Нема информации за голем број лица кои се водат за исчезнати.

Се стравува од евентуално зголемување на нивото на водата во околината на островот Хокаидо и тоа до седум метри.