Светско првенство во стрижење овци на островот Инверкаргил во Нов Зеланд

На островот Инверкаргил во Нов Зеланд започна Светското првенство во стрижење овци кое 40 години како се одржува.

На првенството кое што ќе трае во текот на четири дена учествуваат повеќе од 300 натпреварувачи од 31 земја.

Овците од стадионот каде што влегуваат со своите дебели волна излегуваат разголени, коски и кожа.

До сабота кога ќе заврши светското првенство ќе бидат истрижени вкупно 4.500 овци.

Натпреварувачите ќе се натпреваруваат во категории како што се чисто стрижење, најбрзо стрижење и сл.

Оној кој за најскоро време, најбрзо, ќе истриже најголем број овци и на најчист начин ќе стане светски шампион.

41-то Светско првенство во стрижење овци ќе се одржи по две години во Франција.