Симпатичната панда во игра со снешко!

Снимките како една панда во зоолошката градина во Торонто си игра со снешко предизвикува насмевка на лицата на оние кои ги гледаат.

На снимките се гледа како пандата се качува на снешкото, паѓа на земјата со салто и притоа се доживуваат комични моменти. Но симпатичната панда која се тркала од снешкото не се откажува и овојпат му се качува на глава и се гледа како таму лежи.

Овие снимки кои што од страна на работниците во зоолошката градина во Торонто беа споделени преку социјалните медиуми наидуваат на голема заинтересираност.