Северните светла: Феномен со мистична убавина на северното небо

Овие прекрасни светла со мистична убавина се појавуваат во одредени делови на Земјата, поточно на северното небо, над Арктикот, Алјаска и над Скандинавските земји. Северните светла (aurora borealis) се движат по небото во спирални и други облици, формирајќи притоа една извонредна волшебна светлина која танцува на небото, над вашите глави.