Повторно еруптираше вулканот Туриалба во Костарика

Повторно еруптираше вулканот Туриалба во централно американската држава Костарика.

Вулканот кој по три дена повторно почна да исфрла пепел и чад, неповолно се одрази врз секојдневниот живот на граѓаните.

Вулканот Туриалба кој се наоѓа на 50 км од главниот град Сан Хозе, 4 часа исфрлаше пепел и чад.

Жителите во околината на вулканот кога се пробудија изутрината се соочија со слој пепел врз автомобилите.

Густиот чад и пепелта кои беа исфрлени од вулканот и се распространи низ целото подрачје, поради што негативно се одрази и врз воздушниот сообраќај.

Властите привремено го затворија меѓународниот аеродром во главниот град поради што патниците беа заробени на аеродромот.

Густиот чад и пепелта го отежна дишењето особено на постарите граѓани во подрачјето.

На граѓаните кои имаат здравствени проблеми им беа поделени маски.

Во Костарика се наоѓаат голем број вулкани од кои повеќето се изгаснати или пак мируваат. Вулканот Туриалба е еден од шестте активни вулкани во земјата.