Поволни пораки од средбата на лидерите на Севејна и Јужна Кореја

Поволни пораки од историската средба на лидерот на Северна Кореја Ким Јонг-ун и Јужна Кореја Мун Јае-ин.

Двајцата лидери се состанаа во Куќата на мирот во селото на примирјето Панмунјом.

Во рамките на средбата која започна со ракувањето на двајцата лидери и поздравување од страна на почесната гарда составена од војниците на Јужна Кореја, Ким ја потпиша книгата на посетители во Куќата на мирот.

Ким во оваа прилика рече: „Од овој момент започнува една нова историја, се наоѓаме на историскиот почеток на мировен период“.

На историската средба која што започна 15 минути пред предвидената програма, присуствуваше и Ком Јо-јонг, сестрата на лидерот на Северна Кореја Ким која во февруари ја испрати во Јужна Кореја во својство на специјален претставник.

На средбата која беше отворена за печатот, Ким рече дека со лидерот на Кужна Кореја Мун оствариле многу отворена, искрена и пријателска средба изразувајќи надеж дека од состанокот очекува поволни резултати.

Се надевам дека наместо постигнување резултати кои што нема да се спроведуваат како што беше направено во минатото, ќе имаме можност на иднината да гледаме со поголема одлучност и посакувам средбата да биде нова шанса за подобра иднина на народот на двете земји. Чувствувам големо возбудување поради тоа што на ова историско место се наоѓаме заедно со Мун. Ким на Мун му се заблагодари за средбата.

Мун исто така му се заблагодари на Ким за тоа прифаќањето на предлогот за одржување на средбата и рече: Претседателот Ким ја преминеа воена демаркациона линија, На тој начин Панмунјон стана симбол на мирот, а не одвојувањето.

Вниманието на светската јавност се сврте кон Панмунјон, рече јужнокорејскиот претседател Мун нагласувајќи дека освен очекувањата на прекуморските земји, исто така многу големи се и очекувањата на граѓаните на двете земји.

Мун посака на состанокот да се постигне договор за мир и на тој начин да се оствари желбата на сите они во светот кои сакаат мир, а кој исто така ќе преставува извонреден подарок за нивниот народ.

По завршувањето на средбата, Ким се качи на еден црн автомобил и премина на северната страна на Панмунјон. Средбата меѓу двајцата лдиери ќе продолжи попладне.

Во рамките на попладневната средба, претставниците на двете страни ќе насадат борова фиданка. Покрај боровата фиданка која ќе биде покриена со земјата донесена од двете страни, ќе се обеси спомен камен на кој  ќе пишува: „Тука го засадуваме мирот и благосостојбата“.

Пред објавувањето на заедничката декларација од еднодневната средба, двајцата лидери ќе остварат заедничка прошетка во чии рамки ќе имаат можност самите да разговараат. Средбата ќе заврши со вечерата што ќе ја приреди Мун.

Ким Мун рече дека претходно од властите на Јужна Кореја барал на средбата да разменат мислења во врска со повторното обединување на Северна Кореја, подобрувањето на односите меѓу двете земји и нуклеарно разоружување.