Операцијата за спасување на Мосул од ДАЕШ може да трае подолго од очекуваното

Ирачките безбедносни сили во рамките на операцијата на Мосул која трае приближно еден месец продолжуваат да ги заземаат и квартовите внатре во градот кои се наоѓаат во рацете на терористичката организација ДАЕШ, меѓутоа операцијата се очекува да трае со недели. Терористите користат тунели, жив штит од луѓе и самоубиствени напаѓачи што пак ја отежнува борбата. САД истакнаа дека од почетокот на операцијата за спасување на Мосул се убиени стотици терористи на ДАЕШ, меѓутоа овие бројки не можат да се потврдат од страна на независни извори.