Огромни шумски пожари во Сибир во Русија

Шумските пожари во Автономната Република Саха (Јакутија) во Сибир во составот на Руската Федерација пристигнаа дури до 300 метри од цевоводите поради што состојбата е уште повеќе влошена. Поради тоа што поголемиот дел од површините покриени со густ чад не можат да се видат се мисли дека изгореле 1,7 милиони хектари шуми. Досега не е доживеана една ваква голема катастрофа во Сибир.