Небото над кинескиот град Жоушан од сино претворено во крваво црвено

Небото во градот Жоушан, во провинцијата Жеџијанг, во источниот дел на Кина од сино се претвори во крваво црвено. Експертите истакнуваат дека овој интересен метеоролошки настан се случил поради тоа што светлината од рибарските чамци се рефлектира од облаците коишто се спуштаат надолу.

Снимката која се појави на социјалните мрежи предизвикува страв и потсетува на сцени од крајот на светот (апокалиптични сцени) коишто можеме да ги видиме во филмовите.

Корисниците на социјалните мрежи кои ја снимија оваа необична појава над пристанишниот град Жоушан во близина на Шангај, во провинцијата Жеџијанг, во источниот дел на Кина; не ја криеја својата загриженост и паника.

Според снимките, небото било крваво црвено и тоа било најизразено во близина на пристаништето.