Минеаполис гори... Жестоки протести во САД по извршеното расистичко убиство

По извршеното расистичко убиство врз 46-годишниот Афроамериканец Џорџ Флојд за време на неговото насилно приведување од страна на полицијата во градот Минеаполис во Соединетите Американски Држави (САД), започнаа жестоки протести.

Протестите освен во Минеаполис се проширија и во голем број други градови низ САД.