Коридорот по кој се движи конвојот за евакуирање од Алепо се следи со беспилотни летала

Повторно почна да напредува конвојот со возила во кој се наоѓаат цивили кои ќе бидат евакуирани од областа под опсада во источен Алепо во Сирија. Коридорот по кој се движи конвојот за евакуирање на цивилите во источен Алепо во безбедни области се следи со беспилотни летала.