Ирачките специјални единици тргнаа кон Бартела во непосредна близина на Мосул

Пет баталјони од ирачките специјални единици тргнаа кон Бартела во непосредна близина на Мосул кој се наоѓа во рацете на терористичката организација ДАЕШ. Населеното место Бартела повеќе од 2 години се наоѓа под контрола на ДАЕШ и според ирачки функционери е целосно исчистен од цивили.