Евакуацијата на туристите по силниот земјотрес во Нов Зеланд

Воени функционери на Нов Зеланд истакнаа дека по разорниот земјотрес кој доведе до прекин на железничкиот сообраќај и копнениот транспорт од крајбрежниот град Каикура беа евакуирани повеќе од 700 туристи и жители на градот.