Ерменските сили извршија напад врз пазар во азербејџанскиот град Генџе

Ерменската армија изврши ракетен напад врз пазар во градот Генџе, вториот по големина град на Азербејџан, кој се наоѓа на оддалеченост од 60 километри од фронтовата линија кадешто се водат судирите.

Нападот врз пазарот во Генџе беше снимен од страна на новинарската екипа на Турската радио и телевизија ТРТ која ги следи случувањата на теренот.