Финален ден на претседателските избори во САД

Денес завршува претседателската трка меѓу кандидатите Хилари Клинтон од Демократската партија и Доналд Трамп од Републиканската партија.

Двајцата кандидати кампањите ги продолжија до последен момент.

Кандидатите кои сакаат да победат, вложуваат напори да влијаат врз неодлучните гласачи.

Голема и определувачка улога на изборите ќе имаат гласовите на граѓаните во Флорида, Калифорнија и Тексас.

Се вжешти конкуренцијата дека оној што ќе победи ќе ги освои сите гласови.

Клучно значење имаат државите кои се неопределени како и државите во кои двете партии имаат можност да победат.

Несомнено дека прашањето електронска пошта беше најзначајното прашање кое предизвика главоболки за време на кампањата на Хилари Клинтон.

Имено Хилари Клинтон во периодот додека беше министерка за надворешни работи службените допишувања ги вршеше преку приватната електронска пошта , поради што беше обвинета за невнимателност.

Соопштението на Федералното истражно биро (ФБИ) на само неколку часа пред изборите дека не ќе можат да ја обвинат Клинтон, го зголеми моралот кај демократите.

И демократите и републиканците убедени се и веруваат дека ќе победат на изборите.

Двете партии усвоија одлуки за продолжување со кампањите се до последниот момент.

На овие избори, освен претседателот ќе се изберат и нови 34 сенатори во Сенатот и 435 пратеници во Претставничкиот дом.

На денешните избори на гласачите во сите држави ќе им бидат поставени прашања во врска со различни теми.