Два самоубиствени напади во Кабул

Во двата самоубиствени напади во Кабул загинаа 21 лице.

Последователните бомбашки напади беа извршени во непосредна близина на зградата на разузнавачката служба на Авганистан.

Во нападите загинаа 21 лице од кои 3 новинари, а 27 лица беа повредени.

Досега никој не ја презеде одговорноста за нападот.

Во минатонеделниот бомбашки напад на еден центар за регистрирање на гласачи во Кабул загинаа 60, а над 100 лица беа повредени.

Одговорноста за овој напад ја презеде терористичката организација ДЕАШ.