76 години од атомскиот напад врз јапонскиот град Хирошима

Денеска се одбележува 76-годишнината од атомскиот напад на САД врз јапонскиот град Хирошима на 6 август 1945 година.

На денешен ден, точно пред 76 години, за време на Втората светска војна од страна на САД беше фрлена првата атомска бомба во светот врз градот Хирошима во Јапонија.

Во моментот на експлозијата на атомската бомба загинаа 140.000 лица, а уште илјадници лица потоа поради различни болести и ранување.