Реал Мадрид го обнови договорот со Кристијано Роналдо

Шпанскиот фудбалски гигант Реал Мадрид го обнови договорот со португалската супер ѕвезда Кристијано Роналдо.

Според новиот договор, португалскиот играч уште пет години ќе игра во екипата на Реал Мадрид. Роналдо во изјавата за печатот рече дека тоа не е последен договор, но дека кариерата сака да ја заврши во Реал Мадрид.

Кристијано Роналдо кој со потпишувањето на новиот договор во Реал Мадрид ќе игра до 30 јуни 2021 рече дека сака да игра фудбал до 41 годишна возраст.