Во Мека се собраа приближно 1,5 милиони кандидати за аџии

Во Саудиска Арабија за исполнување на верскиот обред аџилак пристигнаа приближно 1,5 милиони кандидати за аџии од сите четири страни на светот.

Во Мека каде што температурата изнесува над 40 степени кандидатите за аџии се собраа за таваф околу Ќаба.