Во Истанбул се отвори изложбата „Траги од периодот на Султанот Абдулхамид Втори“

Во сарајот Долмабахче во Истанбул се отвори изложбата „Траги од периодот на Султанот Абдулхамид Втори“

На изложбата се изложени 225 експонати кои беа употребувани од страна на султанот Абдулхамид Втори.

Експонатите кои се наоѓаат во инвентарот на колекцијата на Националните сараи, три месеци ќе бидат изложени во изложбата.

Во рамките на изложбата беше прикажан документарен филм за периодот на султанот Абдулхамид Втори.

Документарниот филм кој беше проследен и од страна на претседателот на Собранието Исмаил Кахраман привлече големо внимание.

Претседателот на Собранието Исмаил Кахраман рече дека филмот го проследил со гордост и тага и дека одблиску го познавал овој голем државник и гениј.

Кахраман во оваа прилика потенцираше на значењето дека треба да извлечеме поука од историјата и подобро да се подготвуваме за иднината, нагласувајќи дека историјата го осветлува патот на иднината, поради што треба да се извлече поука од минатото.