(ВИДЕО) Уметност на камен
Камењата во Демре кај Анталија се трансформираат во уметнички дела.
Учесниците на курсот за декорација и боење на камењата што го отвори општината на Анталија, камењата и чакалот ги трансформираат во уметнички дела.
Камењата и чакалот собрани од крајбрежјето, зависно од големината и димензиите, откако ќе се одвојат, се лепат, а со цел да се стекнат со одреден облик се покриваат со керамичарска глина.
Статуите кои ќе се исушат по околу 15 дена, се бојат и се лакираат.