(ВИДЕО) Рекламниот видео спот на „Туркиш ерлајнс“ се емитуваше на „Super Bowl“

Рекламниот видео спот на „Туркиш ерлајнс“во кој играше познатиот американски актер Морган Фриман се емитуваше на „Super Bowl“.

Рекламата на „Туркиш ерлајнс“ во која играше добитникот на Оскар Морган Фриман и се емитуваше на најголемата спортска организација и квалификационите натпревари за првенството во американски фудбал, беше проследена од страна на стотици милиони гледачи. Организацијата се емитуваше во живо во 170 земји во светот.

На натпреварот на првенството во американски фудбал „Super Bowl“, екипата на „New England Patriots“ извојува историска победа, додека коментарот на американскиот ТВ-канал „FOX“ посветен на натпреварот се емитуваше под спонзорството на „Туркиш ерлајнс“.

Рекламниот видео спот на „Туркиш ерлајнс“ во кој играше холивудската ѕвезда Морган Фриман, заедно со најголемите марки на натпреварот кој се емитуваше од страна на ТВ-канал „FOX“ само во САД беше проследен од страна на над 100 милиони гледачи.

На шоуто на паузата на натпреварот на 51-то коло на лигата „Super Bowl“ пееше светско познатата американска интерпретаторка Лејди Гага.