(ВИДЕО) Пролетта во Кина пречекана со фестивал

Пролетта во Кина пречекана со фестивал

Фестивалот чија тема е „Цвеќето и ветроказите“ беше крунисан со 400 илјади ветрокази.

Глетката беше прекрасна.

Целата околина беше обоена во нијансите на различните бои на цвеќињата.

Во Кина е време на пролетта.

Направени се низа ветрокази во вид на срце, Сонце и низа други предмети или фигури.

Илјадници ветрокази во сите бои. Точно 400 илјади.

И секако децата кои заедно со семејствата уживаат во прекрасниот амбиент.

Кина која е позната со спектакуларните изведби, овојпат беше плени со Фестивалот на пролетта.

Убавите глетки од кинескиот град Ченгду на југозападната страна на земјата, ги стоплија душите на собраните во последните зимски денови.

Розата како дел од темата на годинашниов фестивал привлече посебно внимание.

Разнобојните рози најмногу го привлекоа вниманието на децата.

Семејствата не заборавија прекрасната глетка со ветроказите да ја овековечат со сликање и фотографирање.