(ВИДЕО) Празникот Баба Марта

Бугарите секоја година на 1 март го слават празникот Баба Марта.

Првиот ден на март граѓаните на Бугарија си го честитаат со зборовите „Среќна Баба Марта“ и меѓусебно си подаруваат нараквички од бели и црвени конци наречени „мартеници“ за кој се верува дека во текот на целата година носи моќ и здравје.

Баба Марта е митска легендарна личност за која се верува дека заедно со украсните орнаменти носи среќа, ја окончува зимата и ја започнува пролетта.