(ВИДЕО) Концерт по повод Нобеловите награди за мир

Од 1994 година наваму Концертите по повод доделувањето на Нобеловите награди традиционално се одржуваат на 11 декември во чест на добитниците на Нобеловата награда за мир.

Годинава концерт во салата Теленор Арена во Осло одржа светско познатата латинска музичка ѕвезда Хуанес.

На специјална покана на годинашниот добитник на Нобеловата награда за мир, колумбискиот претседател Хуан Мануел Сантос, концерт одржа познатиот колумбиски интерпретатор, композитор и глобален активист Хуанес.

На свеченото доделување на наградите кое го водеше водителот Конан О'Брајан концерти одржаа и познатите интерпретатори Стинг, Хелси, Хајасаките и Икона Поп.