(ВИДЕО) Доделени наградите за социјална одговорност на иницијативата „TRT World Citizen“

На свеченоста во Истанбул беа доделени наградите за социјална одговорност на иницијативата „TRT World Citizen“ (ТРТ Светски граѓанин) на Турската радио телевизија (ТРТ).

„Наградата за животно дело“ која важи за една од најпрестижните, од страна на Емине Ердоган, сопругата на претседателот Реџеп Тајип Ердоган му беше врачена на Јусуф Ислам, кој по повод хуманитарните активности во светот се смета за инспирација.

Емине Ердоган во говорот на свеченото доделување на наградите рече дека Турција се дефинира како најдарежлива земја во светот.

Претседателот на Управниот одбор и генерален директор на ТРТ Ибрахим Ерен во говорот истакна дека „ТВ-куќа сака да даде придонес во решавањето на глобалните хуманитарни проблеми потенцирајќи на местото и улогата на ТРТ во медиумите.

Во период кога секој изминат ден се повеќе се крева гласот против постоечкиот поредок во светот и се потенцира на фактот дека светот е поголем од пет, Турција е земја во фокусот на овие промени и повик. Турција е земја предводник за поправеден и нов свет.

ТРТ во својство на јавен радиодифузер на Турција е решителен да биде медиумска куќа која ќе одигра конститутивна, предводничка и насочувачка улога во формирањето на новите медиуми и јазикот на обраќање“ рече Ерен.

На свеченоста беа доделени награди во шест различни категории.

Наградата „Жена на војната“ беше доделена на Фатемах Алабад која заедно со ќерка и со пораката што ја објави преку социјалните медиуми успеа вниманието на светот го сврти кон војната во Алепо.

Наградата за „Едукатор“ беше врачена на Хавва Адем Мухамед, за „Комуникатор“ на Ахмед Абу Ретаима, наградата за „Младина“ на Рејхан Жамалова. Наградата за „Светски граѓанин на годината“ на добитникот Ахмет Азиз Вахабзаде му ја врачи генералниот директор Ибрахим Ерен.

Годинашнава „Награда за животно дело“ на иницијативата „TRT World Citizen“ која важи за една од најпрестижните, му беше доделена на музичарот и активистот Кет Стивенс кој по примањето на исламската вера почна да го користи името Јусуф Ислам. Наградата му беше доделана за проектот „Воз на мирот“. Наградата на Јусуф Ислам му ја врачи Емине Ердоган, сопругата на претседателот Реџеп Тајип Ердоган.