Според УНЕСКО, Ал Акса нема никаква врска со еврејската религија јудаизмот

Организацијата за образование, наука и култура на Обединетите нации (УНЕСКО) усвои одлука дека Ал Акса нема никаква врска со еврејската религија - јудаизмот.

Нацрт-резолуцијата која беше доставена до Комисијата за надворешни односи на УНЕСКО, беше усвоена со 24 гласови, а 6 гласа против.

24 членови на комисијата беа воздржани, а 2 не учествуваа на гласањето.

Додека Франција беше воздржана, САД, Германија и Англија гласаа против усвојувањето на нацрт-резолуцијата.

Во нацрт-резолуцијата се критикуваше начинот на раководење на Израел со верските и свети места за клањање во Ерусалим и беше подвлечено дека градот има свето значење за приврзаниците на сите три религии муслиманите, христијаните и евреите.

Во одлуката особено беше потенцирано на поврзаноста на Ал Акса со исламот, а не беше истакнато ништо во врска со израелските тврдења за поврзаноста на јудаизмот.

Нацрт-резолуцијата која во понеделник беше усвоена од страна на 58 членови на Управниот одбор на УНЕСКО уште еднаш ќе биде изгласана.

Истиот Управен одбор со одлуката што ја усвои во април подвлече на поврзаноста на Ал Акса со муслиманите.