Саемот ЕКСПО 2016 беше затворен со величествена манифестација

Саемот ЕКСПО 2016 во Анталија кој на 23 април беше отворен со темата „Цвеќето и детето“ беше затворен со величествена церемонија.

Публиката беше воодушевена од прекрасната изведба на децата.

На свеченото затворање на манифестацијата учествуваше и министерот за храна, земјоделство и сточарство Фарук Челик.

Во текот на изминатите 191 дена, саемот беше посетен од страна на околу 4 милиони посетители, рече министерот Фарук Челик. Радува фактот дека една третина од посетителите беа деца што значи дека темата на саемот „цвеќето и детето“ имаше големо влијание во тоа.

На крајот на манифестацијата, знамето на ЕКСПО беше предадено на Пекинг кој во 2019 година ќе биде домаќин на претстојниот саем.

Просторот каде што беше одржан саемот ЕКСПО беше предаден на министерството за храна, земјоделство и сточарство.

Изложбениот простор на саемот и натаму ќе биде отворен за посетителите.