Изложба на фотографиите на Меѓународниот фото натпревар „Istanbul Photo Awards 2016“ во Њујорк

По изложбата на наградените фотографии на Меѓународниот фото натпревар „Istanbul Photo Awards 2016“ која се одржа под покровителство на Агенцијата Анадолија (АА) во Европа, истата изложба беше отворена во седиштето на ОН во Њујорк.

Главниот и одговорен уредник за визуелни вести на Агенцијата Анадолија (АА) Ахмет Сел во говорот на свеченото отворање на изложбата рече дека Агенцијата Анадолија придава големо значење на фотографиите како најефикасен медиум за комуникација и тоа го остварува со поддршка на фоторепортерите кои честопати по цена на своите животи ги фотографираат човечките трагедии.

Меѓународниот фото натпревар „Istanbul Photo Awards 2016“ чие жири е составено од многу вредни и искусни лица во своите професии, претставува место за состанување и средби на најталентираните фото репортери на светот, рече Сел и потенцираше дека на изложбата во Њујорк ќе бидат изложени фотографиите кои беа избрани и наградени од страна на меѓународното жири.

Сел истакна дека минатата година фоторепортерите се фокусираа кон човечката трагедија во Сирија и главна тема на нивните фотографии беа луѓето и нивните приказни на бегството од смртта и преминувањето на морањата со цел да се изборат за подобар живот, по цена на своите животи. Освен тоа на изложбата ќе бидат изложени фотографии од светот на спортот, рече Сел.

Постојаниот претставник на Турција во ОН Феридун Синирлиоглу, по обиколката на изложбата во интервјуто за новинарот на АА рече дека на изложбата се изложени фотографии кои на најдобар начин ја прикажуваат и пренесуваат состојбата на бегалците и имигрантите како и човечката трагедија во Алепо.

Некогаш, една фотографија може да предизвика поголем ефект од нашите долгогодишни напори за стекнување со одредени резултати, бидејќи моќта на изразување на фотографијата е посилна од зборот.

Едиторот за меѓународни фотографии на списанието Тајмс Алис Габринер рече дека најмногу била трогната од фотографијата на едно сириско дете жртва на војната во Сирија.

Директорот за корпоративни комуникации на АА Есра Киречџи рече дека на изложбата беа изложени фотографии од воените и подрачјата на судири, дека АА претставува огледало на регионот, потенцирајќи дека преку фотографиите се изложуваат човечките драми во низа места.

Членот на Управниот одбор на фондацијата ТУРКЕН Мемиш Јетим рече дека САД не покажа доволно интересирање и ангажираност во врска со човечката драма во Јемен и Сирија потенцирајќи дека овој вид изложби можат да одиграат голема улога во зголемувањето на јавната свест.

Мурат Берк, претседателот на Турско-американското здружение (TACS) рече дека е многу значајно прикажувањето на тоа што се значи Сирија, бегалството, емигрирањето во рамките на една меѓународна организација во зградата на ОН. Како што вели претседателот Ердоган, светот е поголем од пет, изложбата претставува еден од најубавите патишта да се покаже тоа.

Едиторот на американските ТВ- канал „American Television News (ATN)“ Ахмед М. Фатхи посочувајќи на моќта на фотографиите рече дека тоа не е само визуелност, туку дека во позадината на секоја фотографија се раскажува посебна приказна за драмата и болката која ја проживеаја бегалците.

Претседателот на здружението на новинарите на ОН, италијанскиот новинар Џампаоло Пиоли рече дека фотографиите имаат многу ефикасно влијание во ренесувањето на драмата на бегалците и мигрантите за пример посочувајќи ја фотографијата на бебето Ајлан кое удри на брегот на Егејското море.

Во рамките на изложбата на 30-те фотографии чиј спонзор се Владиниот фонд за промоција, Туркиш ерлајнс (ТХЈ) и Турската агенција за соработка и координација (ТИКА), посетителите имаат можност да проследат резиме на светските случувања кои го привлекоа вниманието на јавноста.bm, aa fotoğraf sergisi