Атласот на Турција: Мардин

Мардин, со неговата културна градба и географска местоположба е едниот од најразличните градови кои што би можеле да ги видите воопшто. Се наоѓа во југоисточноанадолската област на Турција. Градот со поглед кон Месопотамија привлекува внимание со неговата себе својствена архитектура и своите посетители ги води кон она мистично минато на истокот кое буди љубопитност.

Мардин кој се наоѓа помеѓу реките Тигар и Еуфрат, е град кој што низ историјата ја отворил својата прегратка на различни цивилизации, различни верувања и кој располага со коренита историја. Се претпоставува дека населувањето на областа се протега до пред 3000 години п.н.е..

Редум потпаднал под владеењето на Асирците, Хититите, Урарту и Медите. Бил под владеење на Римјаните кои ја зазеле Анадолија. После Византија во 11’от век бил приклучен кон турските територии.