Во северниот дел на Ирак загина еден турски војник, тројца војници се ранети

Министерството за национална одбрана соопшти дека во операцијата „Шепа/Канџа катанец“ во северниот дел на Ирак стана шехид (загина) еден турски војник, а тројца војници се ранети

1826805
Во северниот дел на Ирак загина еден турски војник, тројца војници се ранети

Во операцијата „Шепа/Канџа катанец“ што се реализира против сепаратистичко-терористичката организација ПКК во северниот дел на Ирак, во експлозија на рачно изработена експлозивна направа поставена од страна на терористите, стана шехид (загина) еден турски војник, а тројца војници се ранети.

Во објавеното соопштение од страна на Министерството за национална одбрана се истакнува дека во експлозија на рачно изработена експлозивна направа поставена од страна на терористите во подрачјето на операцијата „Шепа/Канџа катанец“ стана шехид (загина) пешадискиот војник Селман Ѓулер, а тројца војници се ранети.

Во соопштението се вели следното: „Нашите ранети војници веднаш беа префрлени во болница и започна нивното лекување. На нашиот честит шехид (загинат војник) кој го загуби животот во овој жалосен настан што не облеа во длабока тага и жалост му посакуваме милост од Аллах, изразуваме сочувство до неговото ожалено семејство, Турските вооружени сили (ТВС) и нашиот племенит народ, а на нашите ранети војници им посакуваме брзо оздравување.“



Слични вести