Емирот на Катар Ал Тани му се заблагодари на претседателот Ердоган за топлиот дочек
Шеикот Тамим на својот Твитер профил ја сподели фотографијата од неговиот дочек од страна на претседателот Ердоган пред вратата на дворецот Вахдеттин по која го напиша следното: „Му благодарам на претседателот за топлиот дочек.“

Емирот на Катар шеикот Тамим бин Хамад Ал Тани му се заблагодари на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган за топлиот и срдечен дочек за време на неговата посета на Истанбул.
Шеикот Тамим на својот Твитер профил ја сподели фотографијата од неговиот дочек од страна на претседателот Ердоган пред вратата на дворецот Вахдеттин по која го напиша следното: „Му благодарам на претседателот за топлиот дочек. Денеска (вчера) во Истанбул се состанавме со мојот брат, господинот Ердоган, во Истанбул. На средбата разменивме мислења за најновите случувања во врска со билатералните односи и регионални и глобални прашања кои ги засегаат двете братски земји.“
Претседателот Ердоган вчера го пречека емирот на Катар шеикот Тамим бин Хамад Ал Тани на вратата пред дворецот Вахдеттин во Истанбул по што двајцата лидери извесно време разговараа внатре во дворецот, а потоа одржаа остварија средба лице в лице затворена за медиумите.