Промовиран дигиталниот канал ТРТ француски

Генералниот директор на Турската радио и телевизија (ТРТ) Мехмет Захид Собаџи рече: „Нашиот француски дигитален информативен канал ТРТ француски (TRT French) ќе пополни една голема празнина во светот на медиумите кои емитуваат на француски јазик

1825991
Промовиран дигиталниот канал ТРТ француски
Mehmet Zahid Sobaci.jpg
altun trt fransizca.jpg

Шефот на Одделот за комуникации на претседателството Фахреттин Алтун, говореше на програмата за промовирање на дигиталниот канал ТРТ француски (TRT French) и во оваа пригода истакна дека е среќен што е сведок на овој важен момент.

Алтун во врска со започнувањето со емитување на дигиталниот канал ТРТ француски (TRT French) го рече следното: „Денес сме соочени со доминација и хегемонија на неколку медиумски куќи на меѓународната арена. Иницијативата на ТРТ е приговор, вид одговор, излез и обид за создавање на алтернатива на оваа меѓународна хегемонија.“

Велејќи дека ТРТ е бренд чие влијание денес се чувствува на 7 континенти со голем број различни радио и телевизиски емисии, дигитални платформи, бренд продукции и меѓународни манифестации и настани, Фахреттин Алтун рече дека ТРТ арапски основана во 2010 година и ТРТ Ворлд во 2015 година обезбедуваат мошне значајна можност во трката Турција да стане регионална сила и глобален актер и во точката да им се обраќа и на нејзиниот сопствен регион и на глобалната арена.

Појаснувајќи дека подоцна стапија во акција дигиталните платформи, ТРТ руски и германски, Алтун му посака многу среќа и аирлија на дигиталниот канал ТРТ француски (TRT French) кој започна со емитување од денеска (вчера).

Фахреттин Алтун информира дека Турската радио и телевизија (ТРТ) емитува на 41 странски јазик и дијалекти, а воедно напомена дека ТРТ се труди да ги истакне гласовите на оние кои не можат да го прочујат својот галс, да го прикаже она што не се прикажува и да ги открие вистините коишто се прикриваат во оваа меѓународна радиодифузна линија.

Генералниот директор на Турската радио и телевизија (ТРТ) Мехмет Захид Собаџи, во својот говор рече: „Нашиот француски дигитален информативен канал ТРТ француски (TRT French) ќе пополни една голема празнина во светот на медиумите кои емитуваат на француски јазик. Со други зборови, ќе донесе нов здив за меѓународното новинарско сфаќање за многу теми како што се богатството на параметрите во содржината, новите перспективи, разновидноста во теми и промените во приоритетниот редослед на вестите.“

Мехмет Захид Собачи на програмата за промовирање ја сподели со учесниците мисијата и визијата на ТРТ француски (TRT French) во врска со што го истакна следното: „Ќе придонесеме за подигање на свеста против исламот и ксенофобијата. Една од најфундаменталните мисии на ТРТ француски (TRT French) е  политичките, економските, социјалните и културните прашања на земјите во кои се зборува француски јазик и особено во Франција, како и нивните агенди на африканскиот континент, со начинот на сфаќање на ТРТ во емитувањето со којшто во центарот се поставува човекот и сето тоа да им го пренеси и претстави на широките маси. Емитувањето на овој јазик (францускиот) на кој зборуваат повеќе од 300 милиони луѓе ширум светот значи отворање на нови мисли и врати за луѓето во рамките на принципите како што се разноликоста и длабочината. Посочувањето не само на сегашноста, туку и на минатото и на можната иднина на настаните обезбедува значаен придонес во оформувањето и подигањето на совесноста и совеста.“

Појаснувајќи дека ТРТ француски (TRT Français), исто така, има за цел да се бори против брзорастечклата исламофобија и ксенофобија низ целиот свет, Собаџи рече: „Заедно со тоа со приклучувањето на ТРТ француски (TRT French) во нашата меѓународна радиодифузна мрежа, ќе придонесеме за подигнување на свеста против растечката исламофобија и ксенофобија речиси во целиот свет, особено во Европа. Ќе одиграме значајна улога во сфаќањето на глобалните хуманитарни политики и практики на Турција. На уште поголем број луѓе ќе им го пренесеме нашето богатство со сферите на културата, уметноста, спортот и историјата. Ќе го направиме ова за да ја промовираме продуктивноста, да го отвориме патот за меѓусебно разбирање и да посредуваме во културната разноликост.“

 

 



Слични вести