Претседателот Ердоган: Не гледаме позитивно на членството на Финска во НАТО

Претседателот Ердоган, во врска со процесот за членство на Финска во НАТО го рече следното: „За жал, скандинавските земји се речиси како гостилница за угостување на терористички организации. Затоа, не е можно да гледаме позитивно на тоа.“

1826638
Претседателот Ердоган: Не гледаме позитивно на членството на Финска во НАТО

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган на излегување од клањање на џума намаз (петочната молитва) во Истанбул одговараше на прашањата на новинарите посветени на актуелниот дневен ред.

Претседателот Ердоган, во врска со процесот за членство на Финска во НАТО го рече следното: „Ние во моментов ги следиме случувањата во врска со Шведска и Финска. Но, ние немаме одредено позитивно мислење. Претходно, администрациите пред нас направија грешка по прашањето НАТО во врска со Грција. Го знаете ставот на Грција кон Турција, земајќи го притоа зад себе и НАТО. Ние како Турција не сакаме да ја направиме втората грешка по тоа прашање. За жал, скандинавските земји се речиси како гостилница за угостување на терористички организации. Затоа не е можно да гледаме позитивно на тоа (на процесот на членство на Финска во НАТО).“



Слични вести