Претседателот Ердоган: Му посакувам милост од Аллах на починатиот претседател на ОАЕ Ал Нахјан

Претседателот Ердоган, по вестите за смртта на претседателот на ОАЕ шеикот Калифа бин Зајед Ал Нахјан го истакна следното: „Му посакувам милост од Аллах на претседателот на ОАЕ шеикот Калифа бин Зајед Ал Нахјан“

1826610
Претседателот Ердоган: Му посакувам милост од Аллах на починатиот претседател на ОАЕ Ал Нахјан

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган го изрази своето сочувство по добиените вести за смртта на претседателот на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) шеикот Калифа бин Зајед Ал Нахјан кој почина на 73-годишна возраст.

Претседателот Ердоган го истакна следното: „Му посакувам милост од Аллах на претседателот на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) шеикот Калифа бин Зајед Ал Нахјан.“

Во објавеното соопштение од страна на државната новинска агенција „ВАМ“, се вели следното: „Министерството за претседателски работи изразува сочувство до народот на ОАЕ, арапските и исламските нации и светот за смртта на Неговото Височество Шеик Калифа бин Зајед Ал Нахјан, претседател на ОАЕ“.

Во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) почнувајќи од денеска е прогласена 40-дневна жалост.

Покојниот претседателот на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) шеикот Калифа бин Зајед Ал Нахјан претседателската функција ја извршува од 2004 година, по смртта на неговиот татко.

Калифа бин Зајед Ал Нахјан е роден во 1948 година и беше втор претседател на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и 16-ти лидер на Абу Даби.

 



Слични вести