Ердоган: Не е можно да ја прифатиме грешката на САД по прашањето на терористичката ПКК/ЈПГ во Сирија

Претседателот Ердоган во врска со одлуката на Соединетите Американски Држави (САД) за ослободување на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ во Сирија од санкции, го рече следното: „Не е можно да ја прифатиме оваа грешка на САД“

1826642
Ердоган: Не е можно да ја прифатиме грешката на САД по прашањето на терористичката ПКК/ЈПГ во Сирија

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган на излегување од клањање на џума намаз (петочната молитва) во Истанбул одговараше на прашањата на новинарите посветени на актуелниот дневен ред.

Претседателот Ердоган во врска со подготовките на Соединетите Американски Држави (САД) за олабавување на санкциите во областите коишто ги окупира и држи во свои раце сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ во северниот дел на Сирија, го рече следното: „Не е можно да ја прифатиме оваа грешка на САД.“

Претседателот Ердоган, исто така, остро реагираше и на плановите на САД да воведат исклучоци од санкции во сфери како што се земјоделството и градежништвото во областите окупирани од страна на сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК во северниот дел на Сирија.

Тој рече: „Пред сѐ, ЈПГ е терористичка организација. Она што е ПКК, тоа е и ЈПГ. Затоа, не е можно да ја прифатиме оваа грешка на САД. Ионака сите администрации кои дојдоа на власт во САД во последно време и дадоа финансиска поддршка на терористичката организација ПКК или сите структури во северниот дел на Сирија. (САД) Таму со камиони шлепери испратија воена опрема, возила и муниција. И покрај тоа што тоа им го кажавме на сите администрации кои дојдоа, тоа не беше слушнато и процесот продолжи на ист начин.“

На едно поставено прашање во врска со прекуграничните операции коишто се спроведуваат против терористичките организации во северните делови на Ирак и Сирија, претседателот Ердоган рече: „Она што го направивме на северот на Ирак (со операцијата „Шепа/Канџа катанец“) ќе продолжиме да го правиме истото и на северот на Сирија. Ќе продолжиме по патот со иста одлучност во борбата против средините кои се настроени непријателски против нас.“

„Заклучно со вчера, во 'Шепа/Канџа катанец' се неутрализирани 82 терористи. Доколку временските услови се одвиваат добро во позитивна насока, оваа бројка ќе продолжи да расте. Немаме луксузност да им дозволиме на терористите да ниту да отворат око. Тоа им го кажуваме и на сите земји кои на изглед ни се пријатели. Има велиме дека прават грешка и правилно да ги фрлат своите чекори.“ - рече претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.

 



Слични вести