Досие анализа 35-2022

Операцијата „Канџа катанец“

1820278
Досие анализа 35-2022

Со доаѓањето на пролетта, Турските вооружени сили започнаа нови операции на северот на Ирак. Последниот воен потфат, наречен операција „Канџа катанец“, ги таргетира регионите Авасин Басјан и Зап блиску до турската гранична линија. Додека областите на стационирање на ПКК беа погодени од воздушните сили, многу командоси исто така извршија десант во регионот.

Додека Турција одлучно ја продолжува својата борба против терористичката организација ПКК, покрај нејзините воени операции низ земјата, таа проактивно ја таргетира организацијата и надвор од нејзините граници. Во Ирак и Сирија, усвоен е курс на дејствување на начин кој ќе ја елиминира територијалната доминација на ПКК. Во тој контекст, со доаѓањето на пролетните месеци, областите на базите кадешто беше стационирана терористичката организација ПКК на северот на Ирак, чии терористи излегоа од зимската база, станаа мета на операцијата „Канџа катанец“. Во областите кои беа цел на бомбардирање на авионите Ф16 и вооружените беспилотни летала, Турските вооружени сили (ТВС) ја прошируваат својата доминантност во областа со пренесување командоси со десантни операции. Особено новите подрачја во регионите Авашин Басјан и Зап, влегуваат под контрола на ТВС, додека пештерите и тунелите во регионот се неутрализираат. Досега се неутрализирани речиси 60 членови на организацијата.

Со операцијата „Канџа катанец“, организацијата е ставена под притисок, а исто така се елиминира нивниот капацитет да се мобилизираат надвор од зимската база и да извршуваат нови терористички акти против Турција. Ефикасните прекугранични воени операции на Турција во Ирак и Сирија во голема мера дадоа резултати, така што се намали капацитетот на организацијата да преземе акција внатре во Турција. Конечно можеме да предвидиме дека ТВС, во наредните недели ќе продолжат да ја таргетираат организацијата со проширување на нејзините области на дејствување во Ирак. ТВС со својата сегашна стратегија, има за цел да ги таргетира областите и базите во кои се стационираше и организацијата ги сметаше за безбеддни зони, а исто така да ги изолира организацијата со прекинување на важни логистички линии, приклештување во помали области и на крајот целосно елиминирање.

Автор на програмата е Џан Аџун, истражувач за надворешна политика при Фондацијата за  политички, економски и општствени истражувања СЕТА.



Слични вести